Дербито „заврши“ за седум минути, потоа…

Екипите на Работнички и Јуниор Кисела вода меч во кој победникот стана познат после само 6-7 минути игра. Работнички тргна одлично во средбата, а предноста направена после првите седум минути беше и повеќе од доволна за да може да се дојде до победата на овој дуел. Конечните 33:25 на крајот беа и повеќе од доволни за триумф и за нови три бода.

Средбата тргна со 7:0 за домашните. Веќе тука после неполни седум минути игра Работнички успеа да го добие овој дуел бидејќи гостите првиот погодок го постигнаа некаде на истекот на 7. минута. Имаа премногу технички грешки кои ги чинеа огромна нетива уште на стартот, а истата продолжи да се зголемува и во продолжение од првото полувреме.

Најголемата разлика до која се стигна  во првото полувреме беше 13 гола и веќе беше и повеќе од јасно дека гостите од Кисела вода нема да имаат шанса на овој меч. Успеаја да намалат до 11 разлика и на одмор да заминат со 19:8 со што имаат убава предност за во вториот дел.

Средбата продолжи со нешто посигурна игра на гостинската екипа, а во 36. минута домашните останаа без Кумогородски кој заработи црвен картон поради старт на лице на противнички ракометар. Покрај тоа доби и син картон што ќе значи и санкција после мечот.

Победата на Работнички во ниту еден момент не беше доведена во прашање бидејќи разликата постојано беше двоцифрена или беше 8-9 гола. Во финишот на терен се најдоа и помладите од Работнички, па домашните успеаја да дојдат до намалување на негативата.

Работнички славеше со 33:25 и на тој начин успеа да се израмни според бројот на бодовите со Јуниор Кисела вода и Металург 2, па овие три екипи продолжуваат со трката за првото место.

РАБОТНИЧКИ –ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА              33:25 (19:8)

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓоко Колевски  и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

РАБОТНИЧКИ: Куртановиќ, Виларов, Игнов, Кочаров 1, Анастасовски 5, Mилошески 6, Стефaновски, Димитров 5, Кумогородски 4, Ѓорѓиески 1, Полијак 3, Мисаилевски 1, Благопетров 1, Палевски 6

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Богдановски, Затараковски, Биковски, Атанасовски, Гичев 4, Крстевски 2, Чапов, Јаховиќ 1, Маркудов, Трајковски 4, Тодоров 2, Коловски 3, Гроздановски 1, Ников 4, Трајчевски 3.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 14 мин.