Дербито во Хрватска без победник: Локомотива и Подравка ги поделија бодовите

Дерби натпреварот помеѓу женските ривали во Хрватска, Локомотива Загреб и Подравка Вегета заврши без победник 24:24 ( 13:10) во шестото коло од Супер лигата во Хрватска. Домашната екипа на Локомотива водеше до 29 минута, сепак ракометарките на Подравка се изборија за голем бод бидејќи реванш натпреварот со Локомотива се игра во Копривница каде составот на Подравка ќе треба да победи со еден гол разлика.Најефикасна во редовите на Локомотива Загреб беше Ивана Божовиќ со пет погодоци, Марија Ражум имаше девет успешни интервенции. Во составот на Подравка капитенот Миринда Татари постигна шест погодоци, Кристина Елез додаде пет. Голманката на Подравка Мирјана Миленковиќ имаше осум одбрани.

Локомотива Загреб – РК Подравка Вегета 24:24 ( 13:10)

Локомотива: Ражум девет одбрани, Јелчиќ една одбрана, Смилјаниќ 2, Грубишиќ 2, Божовиќ 5, Јежиќ 3, Ловриќ, Хрбкова 3 (1), Кожњак, Рајовиќ 1, Ирман 2, Бенко, И.Милановиќ, Литре, Башиќ 2, Хавиќ 4.

Подравка: Јукиќ, Капитановиќ 2 одбрани, Миленковиќ осум одбрани, Човиќ 2, Никшиќ 3, Сендвалд, Живковиќ 4 (1), Џоно 1, Немашкало 2, Драгишиќ, Видак, Обремовиќ, Малјак, Татари 6, Трифуновиќ 1, Елез 5 (4).

Натпревари за 6.коло

Осијек – ЖРК Желина – 25.10.2014

Умаг – Трешњевка – 25.10.2014

ЖРК Бјеловар – Зрински – 25.10.2014

Самобор – ЖРК Кока – 25.10.2014

Далматинка – Сплит – 25.10.2014

Сесвете – Замет 25.10.2014

Фото: rklokomotiva.hr