Раднички победник во српското дерби

Дерби натпреварот помеѓу ЖРК Јагодина – Раднички во второто коло од српската женска супер лига заврши со победа на гостинската екипа од Крагуевац со еден погодок разлика 21 : 22 ( 9 : 11).  Ракометарките на Раднички Крагуевац во текот на целиот натпревар одржуваа водство од два разлика за на крај да се израдуваат на својата втора победа.

Во одлично светло на голманската позиција во екипата на Раднички се прикажа Јована Рисовиќ која имаше 18 одбрани, а најефикасна во победничкиот табор беше Анѓела Јанјушевиќ со седум подогоци. Во составот на Јагодина единствена светла точка беше црногорката Оливера Вукчевиќ со десет постигнати погодоци. Во составот на Јагодина настапи и македонската интернационалка Сара Стеваноска која не успеа да се запише во листата на стрелци.

Јагодина – Раднички Крагуевац 21 : 22 ( 9 : 11)

ЖРК Јагодина: Милановиќ 1, Стеваноска, Радојевиќ 4, Васиќ, Матиќ 1, Јевтиќ 2, К. Георгиев , Поповиќ, Кукуќ , Ољјача, Вукчевиќ 10, Радовиќ , Т. Георгиев 2 , Глишовиќ 1.

Раднички Крагуевац: Пријовиќ 4,  Таниќ, Степановиќ 1, Радосављевиќ, Цаировиќ, Милошевиќ 3, Нишавиќ 5, Тошовиќ, Балац, Станисављевиќ, Џукиќ, Даниловиќ 2, Јанјушевиќ 7 .