Денковски пак двоцифрен, Куманово го торпедираше Текстилец

Ракометарите на Куманово забележаа лесна победа во дуелот од 12. коло од плеј-аутот во Првата лига против Текстилец. Со одлична игра во текот на целиот натпревар домаќинот славеше многу убедливо со 44:30.

Куманово започна многу силно и уште на стартот го градеше водството. Текстилец беше немоќен да стори нешто, нивната негатива постојано се зголемуваше. На полувремето домашниот состав имаше висока предност 24:14 и тука веќе беше решен победникот. Второто полувреме беше рутина за кумановскиот тим и до крајот на дуелот му нанесе катастрофален пораз на Текстилец.

Најефикасен играч кај Куманово беше Новица Денковски со 13 гола, а Давид Цветковски постигна десет. Во екипата на Текстилец најмногу се истакна Дарко Трајчов со 12 погодоци.

КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ 44:30 (24:14)

Сала: Спортска сала во Куманово. Гледачи: 100. Судии: Ѓоргиевски Иво од Скопје и Наумовски Игор од Битола. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Куманово: Клековски 4, Ристиќ 1, Даневски 1, Цветковски 10, Мицевски, Цветковски, Ацевски 1, Димитријевски, Стојмановски 1, Цветковски, Кузмановски, Цветковски, Денковски 13, Миладиновски 7, Петрушевски 4, Ѓорѓиевски 1.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 16 минути.

Текстилец: Атанасов, Петров 1, Ристов 8, Даниел Трајчов 7, Дарко Трајчов 12, Митрев 1, Миленов, Рунчев, Радев, Кипријановски, Андов, Тасев 1.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 12 минути.