Денес РК Вардар ќе го дознае својот противник во четвртфиналето

Денес е големиот ден за РК Вардар и сите љубители на ракометот во Македонија. Со денешната ждрепка која е закажана со почеток од 11:30, вардарци ќе го дознаат својот противник во четвртфиналето. Кил, Барселона, Веспрем или Киелце ќе бидат новиот предизвик за избраниците на Раул Гонзалез. Вардар со одличната игра која ја прикажа во СЦ ,, Јане Сандански” против Висла Плоцк, им упати јасна порака на сите тимови дека во Скопје се е можно, па дури и победа со над 10 погодоци разлика против силни екипи.

Група 1:

Барселона

Кил

Веспрем

Киелце

Група 2:

РК Вардар

ППД Загреб

ПСЖ

Пик Сегед