Денес пријателство, од утре ракометна војна (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Петокот во хотелот “Аquincum” беше резервиран за отворениот ден со медиумите на четирите екипи учеснички на завршниот турнир. Најдобрите тимови во Европа одговараа на прашањата од седмата сила.
media-13
Ракометарките на сите екипи беа во фоајето на хотелот каде со заедничко опуштено дружење го пополнуваа своето време пред средбата со медиумите.
Македонските првенки видно расположени правеа селфи во фоајето на хотелот.
media-22

А подоцна секоја екипа имаше свој половина час пред микрофоните на интернационалните медиуми. Во паузите меѓу разговорите вардарки украдоа момент да помуабетат со своите поранешни колешки.

media-5

Радичевиќ и Лекиќ беа прогласени за почесни граѓани на Ѓер, своите убави спомени а овој викенд на завршниот турнир во Лигата на шампионките ќе бидат лути противнички.
media-4
Вардар според распоредот беше последната екипа која застана пред објективите на медиумите, предводени од тренерскиот тандем Кастратовиќ и Дејвис.

media-27

media-20

За крај на успешно завршената работа, македонските медуми им посакаа успех, а веќе традиционално Вардар со селфи ја заврши средбата со медиуми. Тие заминаа на одмор пред вечерниот тренинг и последната подготовка пред полуфиналните дуели.
media-23

Како потсетување на големото балканско дерби и ривалството меѓу Будуќност и „црвено-црните“, ЕХФ  ги постави дресовите на двете екипи и на симболичен начин најави нова битка за шампионската титула во Европа.
media-14

Сигурно со тоа нема да се согласи условно кажано домаќинот на турнирот кој најави дека сериозно размислува за третата титула во Лигата на шампионите. Ѓер ќе се обиде да го повтори успехот од пред две сезони, а прв ривал на патот до титулата ќе биде актуелниот шампион Будуќност.

media-12

media-6

Во холот на хотелот Аквинкум, ракометарките ги потпишуваа предметите на своите фанови како потсетник за моментот кога нивниот тим ги достигнал четирите величенствени екипи. media-9

Полуфиналниот ден започнува во 15 часот, а први да се израдуваат на финалето ќе имаат ракометарките на Ѓер или Будуќност.