Денес започнува продажбата на билетите за ЖРК Вардар

Со соопштение се огласи управата на Вардар по повод пуштањето во приоритетна продажба на билетите за натпреварите кои ЖРК Вардар ќе ги игра во втората фаза од групната ЛШ во ракомет за сезоната 2014/15.

Во соопштението се наведува дека приоритетна продажба на билетите започнува на денес и ќе трае до 22.12.2014. Противници на ЖРК Вардар во втората фаза се Крим од Словенија, Лајпциг од Германија и Динамо Волгоград кој доаѓа од Руската Федерација. Во новоформираната група Будуќност стартува со 7 освоени бодови, следуваат Динамо со 6 и Лајпциг кој пренесува 4 бодови, додека ЖРК Вардар на своето салдо има 3 бодови пренесени од првата фаза. На дното од табелата се Крим и Турингер со 2 бодови. Станува збор за 6 скоро изедначени тимови со слично бодовно салдо и тоа е само вовед во натпреварите каде екипите ќе се борат за секој бод, за секоја топка и за секоја победа. Од тоа не е исклучок ниту македонскиот шампион ЖРК Вардар кој втора година по ред инвестира многу во правење на тим кој ќе биде достоен репрезент на Македонскиот ракомет во ракометна Европа.

Очекувањата на управата се големи а од девојките во црвено-црниот дрес се очекуваат многу подобри партии ракомет отколку во првата групна фаза на ЛШ. Секако, за очекување е идните предизвици, особено оние што ќе се играат на домашен терен-во спортскиот храм СЦ Јане Сандански, да ги следат повеќе љубители на ракометот.
Конкретно и за оваа втора групна фаза од женската ЛШ, билетите ќе се движат од 900 МКД за трибинскиот дел, 1350 МКД за ВИП делот, 2700 МКД за ВИП ПРЕМИУМ-секоја понуда е блок за три натпревари.