Денес ЖРК Вардар го игра вториот пријателски натпревар со Есбјерг

Денес со почеток од 18:00 во СЦ „Јане Сандански“ избраничките на Индира Кастратовиќ го играат вториот контролен натпревар со Есбјерг. Данскиот тим одржа и неколку заеднички тренинзи со ракометарките на ЖРК Вардар. На првиот контролен натпревар кој беше од затворен тип, победа оствари нашиот шампион со убедливи 31:23 (17:16).

Влезот за сите љубители на ракометот е слободен.