Денес во Супер лигата дуел помеѓу двете екипи на Вардар

Денес во СЦ ,,Јане Сандански” вториот тим на Вардар ќе биде домаќин на ЖРК Вардар во рамките од Супер лигата. Иако однапред е познат исходот од овој натпревар, за избраничките на Симе Симовски ова ќе биде одлична можност за испробување на силите против повозрасните колешки од првиот тим.  ЖРК Вардар вчера пак беше убедлив против Пелистер постигувајќи дури 24 погодоци во првиот дел за конечни 46:27.

Натпреварот Вардар 2- ЖРК Вардар е на програмата од 16ч и влезот за сите љубители на ракометот е слободен.