Денес Бундеслигата пишува нова историја во ракометот

Дојде и тој ден, “ДЕН НА РАКОМЕТОТ” кој на 6 септември на фудбалскиот стадион на Франкфурт со бундеслига натпреварот помеѓу Рајн Некар Ловен и Хамбург, треба да испише нова историја во организација на ракометни натпревари.
Организаторот веќе го најави и рушењето на Гинисовиот рекорд за најголема посетеност на еден ракометен натпревар. Досега рекордот беше во сопственост на клубот АГ Копенхаген, кој во мај 2011 собра 36651 љубител на ракомет, на натпревар од данската лига.
На овој ден ќе се промовира ракометот, а покрај натпреварот од Бундеслигата кој ќе се одржи на Франкфурт Комерцбанк Арена во 18:15,  како увертира на сезоната 2014/2015 во Германија, разни настани, изложба и игри ќе се одржат во текот на целиот ден, во и околу арената во Франкфурт.
Огранизаторот на „Ден на ракометот“ веќе го обезбеди рекордот со досега продадените 37000 билети, а се очекува посета од околу 40000 ракометни фанови. Преку 150 акредитирани новинари и пренос во живо од натпреварот во преку 40 земји  само ќе го потрврди фактот дека Будеслигата е најдобра лига во светот!
Тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен, беше дел од првиот натпревар кој влезе во Гинисовиот рекорд по посетеност. Со својот тогашен тим Бјерингбро Силкеборг загуби од Копенхаген, а пред овој натпревар изјави:
„Сакам да победиме на овој натпревар, посебно бидејќи знам како е да се загуби на натпревар каде се руши светски рекорд. Мојата задача ќе биде многу тешко да се одработи, не верувам дека мојот глас ќе допре до некој од играчите, бидејќи се ќе биде многу поголемо од нашата САП Арена. “