ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младинките од Македонија на двобој со Грузија

Ракометарките до 19 години кои добија доверба кај селекторката Јулија Дамчевска од денеска тргнуваат во мисија за обезбедување на првото место на ЕХФ-шампионатот во Литванија. Тие се во група со домаќиот, но првиот меч ќе го имаат со селекцијата на Грузија и дефинитивно влагаат со улогата на фаворити на овој натпревар.

Македонија ќе ги одмери силите со Грузијките од 16 часот, а ова се очекува да биде убав вовед во турнирот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

12:00ч

ЧЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕХФ-шампионат за младинки, Литванија)

ФИНСКА – УКРАИНА (ЕХФ-шампионат за младинки, Бугарија)

14:00ч

ТУРЦИЈА – КОСОВО (ЕХФ-шампионат за младинки, Литванија)

ИЗРАЕЛ – БИХ (ЕХФ-шампионат за младинки, Бугарија)

16:00ч

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА (ЕХФ-шампионат за младинки, Литванија)

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ГРЦИЈА (ЕХФ-шампионат за младинки, Бугарија)

18:00ч

БУГАРИЈА – ИСЛАНД (ЕХФ-шампионат за младинки, Бугарија)

18:30ч

ЛИТВАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕХФ-шампионат за младинки, Литванија)