ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Лани играа финале во Келн, денеска се борат за место во ЛШ

Кире Лазаров со своите колеги денеска ќе биде во битка за пласман во Лигата на шампионите во следната сезона, а за таа цел ќе мора да се обезбеди победа. Оттаму ова ќе биде максимално интересен меч во кој на две кола до крајот ќе има максимално интересен ракомет. Влогот е огромен од двете страни.

Денеска и Дејан Манасков има важен натпревар во Унгарија. Почнува битката за трофејот, а таму Веспрем е домаќин на Пик Сегед. Како што веќе информиравме тоа ќе биде дуел на кој ќе има судии од Данска.

Натпревар има и за Филип Талески. Рајн Некар го пречекува составот на Гепинген, а ова е натпревар на кој треба да се освојат бодови за да се зацврсти 3. позиција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:30ч

ВЕСПРЕМ – ПИК СЕГЕД (Унгарија 1, плеј-оф)

19:00ч

ЛАЈПЦИГ – ЕРЛАНГЕН (Германија Бундес лига)

МАГДЕБУРГ – ГУМЕРЗБАХ (Германија Бундес лига)

МЕЛЗУНГЕН – ХАНОВЕР (Германија Бундес лига)

РАЈН НЕКАР – ГЕПИНГЕН (Германија Бундес лига)

ШТУТГАРТ – ФЛЕНЗБУРГ (Германија Бундес лига)

20:15ч

КАДЕТЕН – ПФАДИ ВИНТЕРТУР (Швајцарија 1, плеј-оф)

20:45ч

МОНПЕЛЈЕ – НАНТ (Франција 1)