Дембеле за 24Ракомет: Вардар може да ја освои титулата во ЛШ оваа сезона

Од Ѓер,

Душко Андов


По завршувањето на минатата сезона, Сираба Дембеле ги напушти редовите на македонскиот шампион -Вардар и се пресели во редовите на рускиот вицешампион Ростов Дон. Нејзината нова екипа беше вбројувана меѓу фаворитите оваа сезона но забележа само една победа со што беше елиминирана од групната фаза на Лигата на Шампионите.

Во изјавата за 24Ракомет, Дембеле проговори за причините за лошиот резултат:

„Одигравме шест натпревари, а победивме само на еден што е навистина многу лош резултат. Знаевме дека ќе биде тешко затоа што игравме во „групата на смртта“. После Олимписките Игри имавме само една недела до првиот натпревар и ова е една од причините за нашето издание. Сметам дека ни требаше повеќе време за да ја пронајдеме нашата игра и за започнеме да играме како тим.“

На прашањето, дали Вардар може да стигне до титулата оваа сезона, Дембеле изјави:

„Вардар игра се подобро и подобро и сигурна сум дека сезонава ќе играат во финалето и можат да дојдат до титулата“