Демант од Унгарија: Алисон Пино не продолжува во Ѓер

По низата вести и шпекулации дека довчерашната ракометарка на ЖРК Вардар, Алисон Пино потпишала договор на две сезони со актуелниот првак, од таборот на Ѓер соопштија дека Алисон Пино не потпишала договор со нивната екипа.

Агентот на Алисон Пино контактирал со пет клубови од кои четири се учесници во Лигата на шампионите. Спортскиот директор на Ѓер , Келецсени Ерно силно ја демантираше веста дека Алисон Пино е нова ракометарка на Ѓер Ауди ЕТО.

Веста за Алисон Пино дека преминува во Ѓер беше вистинска бомба за сите љубители на ракометот во светот, но спортскиот директор на Ѓер со својата изјава стави крај на шпекулациите.