Девојката на Сагосен виновник за неговиот трансфер во Кил

Еден од најдобрите ракометари во светот, Сандер Сагосен, по објавувањето на транферот во Бундес лигата, беше актуелен низ сите медиуми. Беше прашан дали трансферот на неговата девојка, Хана Офтендал од Париз во Силкеборг е главната причина за неговиот трансфер од ПСЖ во Кил.

„Кил беше одличен клуб уште од моите детски години. Има голема популарност како никој друг тим во светот. Тоа ќе биде интересна авантура која со нетрпение чекам да ја започнам. Хана и јас, се уште ќе бидеме дистанцирани, но ќе ја користиме близинита помеѓу градовите, Силкеборг и Кил“, изјави Сагосен.

Средниот бек на норвешката репрезентација во Кил ќе пристигне по завршувањето на следната сезона. Неговата поубава половина, ќе ги започне настапите за Силкеборг по крајот на оваа сезона.