Девет заинтересирани федерации за организација на СП во машка и женска конкуренција во 2021 и 2023

ИХФ ги објави имињата на деветте ракометни федерации кои се заинтересирани за организација на СП во машка или женска конкуренција во 2021 и 2023 година. Посебно голема заинтересираност има за организација на СП во 2023 година, бидејки преку тој настан репрезентациите ќе се обидат да обезбедат учество на Олимписките игри во 2024. Вкупно девет федерациии покажаа интерес за организција на овие настани а некој од нив се заинтересирани и за организација на повеќе од еден шампионат. Одлуката ќе биде донесена на 4 јуни од страна на советот на ИХФ, на конгрес кој ќе се одржи во Будимпешта.
Најверојатно домаќин на СП во женска конкуренција 2021 година ќе биде Франција бидејки таа е единствениот пријавен кандидат за организација на истото. За СП во женска конкуренција во 2023 на Франција која повторно е кандидат, во трката ќе и се приклучат и Кореа и Норвешка.
Кореа и Норвешка исто така се заинтересирани за организација и на СП во машка конкуренција 2023 година, за кое интерес покажуваат неколку ракометни федерации: Швајцарија,Словачка,Полска,Шведска и Франција. Овие пет нации се заинтересирани и за организација на СП во машка конкуренција во 2021 година, а единствена не европска земја која ќе влезе во оваа трка е Египет.

Сите заинтересирани федерации за организација на Светските првенства треба да потврдат дека ги усполнуваат основните правила и услови на ИХФ до 13 март 2015 година, а сите пристигнати пријави мора да бидат собрани до 1 мај 2015 година. Сите заинтересирани федерации ќе имаат можност да ја извршат својата презентација на 8 мај во седиштето на ИХФ во Базел.Финалната одлука ќе биде донесена на 4 јуни, на конгресот во Будемпешта. -изјавија од седиштето на ИХФ.