Деби со трофеј: Нолевска и Виборг освоија турнир во Унгарија

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска од ова лето има интернационален предизвик во нејзината кариера. Прва станица е трофејниот дански тим Виборг, кој своевремено освојуваше и титули во Лигата на шампионите, а таму играа ѕвезди од типот на Поповиќ, Јурак, Сков, Варзару, Никола….

Нолевска веќе ги одигра првите натпревари за данскиот тим на турнирот организиран во Дунајварош. Во првото коло Виборг ремизираше со Дебрецин, 20:20, а во второто го победи составот на Ваци со 26:23. Против Дебрецин, Нолевска погоди 3 пати, додека против Ваци даде 2 гола.

Во финалето противник на Виборг беше составот на Будаорс, кој беше совладан со 25:24, а Нолевска беше прецизна еднаш. Со оглед на добриот старт и одличната минутажа, нема сомнеж дека македонското десно крило ќе биде прва опција за данскиот тим во домашниот шампионат и во Купот на ЕХФ.