Деби на Атман во дресот на Ал Ахли

Поранешниот ракометар на Металург Павел Атман со победа дебитираше во дресот на Ал Ахли. На пријателски натпревар клубот на Павел Атман славеше убедлива победа против екипата на Дубаи каде што настапува македонецот, Благој Димков. Ал Ахли триумфираше со 35:25 (19:9). Атман на овој натпревар постигна десет погодоци во првото полувреме додека во вториот дел на неговото место беше репрезентативецот на Египет, Заки.