Деби меч и деби најдобра одбрана за Калифа Гедбан (ВИДЕО)

На својот прв натпревар во дресот на Вардар, Калифа Гедбан веќе ја доби и првата најдобра одбрана на еден меч.

Алжирецот успеа да запре девет топки на дуелот против Војводина, а една од нив се најде во изборот за одбрана на средбата и може да се погледне.

Гедбан имаше тежок почеток со многу грч и му требаше време за да влезе во ритам, но потоа покажа дека Вардар ќе добие добар тандем на голот бидејќи Милосављев веќе покажа дека е големо засилување.

Со Гедбан и Милосављев ќе добие на мотив плус, па ќе биде интересно на следните средби, Како изгледаше одбраната на натпреварот можете да видите во продолжение.