Деби за Велко Маркоски против Вардар

Македонскиот репрезентативец Велко Маркоски, пред две седмици се приклучи во редовите на хрватскиот шампион. Откако Веселин Вујовиќ поради повреда на неколку клучни ракометари мораше да експериментира со составот на „плинарите“, управата на клубот се одлучи да пронајде вистинско решение за зацврстување на одбраната. Изборот падна на левиот бек на Работнички, а пријателските врски меѓу двата клуба го олеснија трансферот на македонскиот ракометар.

Маркоски немаше право на настап во Лигата на шампионите изминатите две недели, па затоа својот прв натпревар за „плинарите“ ќе го одигра вечерва против Вардар во рамките на СЕХА лигата.

Во Загреб составот на Вујовиќ покажа одлична игра, ги искористи слабостите на противникот и заслужено триумфираше, затоа вардарци се надеваат на реванш во „Јане Сандански“, натпреварот започнува од 17:45.