Дебитантот од Ростов ја покори ракометна Европа!

Рускиот дебитант во Лигата на Шампионите одлично ја стартуваше групната фаза и стана единствената екипа која успеа да забележи 6 победи од 6 натпревари.

Составот на Јан Лесли доминираше во групата А каде успеа да триумфира во натпреварите против Ларвик, Баја Маре и Крим со што стана најдобрата руска екипа во почетната фаза во Лигата на Шампионите.

Пред нив, Лада Тољати беше носител на овој рекорд кога во 2007 година успеа да победи во 5 натпревари од вкупно 6 во групната фаза.

Во видеото подолу погледнете ги главните моменти на Ростов Дон во Лигата на Шампионите.