Дебакл на Кил во Киелце, а требаше да биде натпревар на колото!

Второто коло од Лигата на шампионите требаше да го одбележи дерби дуелот меѓу полскиот шампион и некогашниот европски првак. Во Киелце се одигра натпреварот да се биде или не, по воведните порази во Лигата на шампионите Килеце и Кил беа во трка по првите бодови и преглед на продолжението на сезоната.

ВИВЕ КИЕЛЦЕ (ПОЛ) vs ТХВ КИЛ (ГЕР) 32:21 (18:11)

Но наместо возбудливо дерби, борба и неизвесност, ракометарите на Кил дома си заминаа посрамени за 11 голови разлика и конечни 32-21. Ова е петта победа за Киелце во меѓусебните дуели со Кил, но прва со сериозна разлика поголема од 10 погодоци.

Киелце доминираше во текот на целиот меч, а серијата која ја направи разлиакта на овој дуел се случи во средината на првиот дел кога по пет погодоци во низа домаќините имаа 11-5. Разликата продолжи да се зголемува и до полувреме достигна високи 18-11.

На почетокот на вториот дел Кил дојде до -6, но расположениот Киелце носен од одличната публика повторно го пронајде своето темпо за прво двоцифрено водството на овој дуел во 51. минута (28-18). До крајот составот на Душебаев знаеше како да го одржи високото водство за први бодови по убедлива игра и конечен резултат од 32-21.

Најдобар поединец на дуелот беше Карол Белецки кој натпреварот го заврши со осум голови, го следеа Душебаев и Јурецки со по 4 голови.Шесте голови на расположениот Руни Дамке не беа доволни за Кил да избегне пораз.

ФОТО: www.facebook.com/kielcehandball