Дебакл за романскиот тим во Словенија: Темишвар и Лазаров елиминирани од Купот на ЕХФ

Романскиот тим Поли Темишвар каде настапуваат двајцата македонски интернационалци Филип Лазаров и Златко Даскаловски доживеа висок пораз на гостувањето во Рибница, откако загуби со 30:19 во реваншот од третото коло во Купот на ЕХФ.

Домашните уште на полувремето имаа солидна залиха од 17:9 и ја надминаа негативата од првиот натпревар одигран во Темишвар. Во вториот дел само ја одржуваа, па дури и ја зголемија предноста до конечни 30:19, па така Рибница ќе биде дел од групната фаза во Купот на ЕХФ.

Левиот бек Лазаров на овој дуел, заедно со неговиот соиграч Феничи, беа први стрелци со 4 голови, но и тоа беше премалку за да се обезбеди резутлат кој ќе гарантираше пласман во групната фаза.