Најдобрата судиска двојка е барана „роба“: Начевски и Николов прво во Бутел, па во Пролет

Денеска во плеј-офот од Супер  машката лига следува двобој меѓу екипи од Скопје и Битола и тоа ќе биде двојна програма во главниот град. Прво ќе гостува моменталниот лидер на табелата во Супер машката лига, Еурофарм Работник кој ќе се соочи со Бутел Скопје, а потоа и Пелистер ќе му гостува на Пролет.

Еурофарм Работник ќе ги одмери силите со Бутел, а ова се очекува да биде интересен дуел бидејќи тимот од Скопје уште е без бодови и ќе сака да даде максимум во битката со битолчани. Ќе следува интересен дуел, но предноста е дефинитивно на страната на гостите,

На вториот меч кој се игра од 19 часот, Пролет како домаќин ќе се обиде да се избори за позитивен резултат против Пелистер за да може да остане во трка за излез во Европа.

Она што е интересно е дека на двете средби арбитрите се исти. Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски-Славе Николов денеска ќе имаат двојна работа така што прво ќе судат во Бутел, а потоа и во Пролет.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 27 АПРИЛ

12:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:00ч

ПРОЛЕТ – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ПОНЕДЕЛНИК, 29 АПРИЛ

12:00ч

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ТАБЕЛА:1. Еурофарм Работник 9 бода (123:99); 2. Металург 9 (109:107); 3. Вардар 6 (63:54, -2 меча); 4. Пелистер 3 (81:88, -1 меч); 5. Пролет 3 (97:119); 6. Бутел Скопје 0 (74:80, -1 меч).