Две ракометни мајстории меѓу најубавите голови на Олимпијадите (ВИДЕО)

Анита Горбиц од Унгарија и Никша Калеб од Хрватска си најдоа свое место во историјата на Олимписките игри. Тие ја добија честа да бидат претставници на ракометот во изборот на најубави погодоци на игрите кои се одржани досега.

Горбиц својата мајсторија ја изведе на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а противник на Унгарија на тој меч беше селекцијата на Јужна Кореја.

Калеб својот гол за паметење го реализираше на средбата против Грција и тоа на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Другите погодоци во изборот се од различни спортови, а ги има од фудбал, ватерполо, хокеј на трева… Сите голови можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.