Две ракометни легенди обединети во „црвено-црните“ бои (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска со почеток во 18:00 часот ќе го одиграат финалниот натпревар во Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.

Во Келн се наоѓаат многу ракометари, ракометарки, поранешни и сегашни, ракометни работници. Меѓу нив и Ирина Дибирова, некогашниот тренер на Вардар, со нејзината поранешна колешка Аусра Фридрикаш.

Повозрасните љубители на ракометот, сигурно се сеќаваат на неа од дуелите на Кометал ЃП со Хипо и Шлагелсе.

Денеска тие двете ќе навиваат за „црвено-црниот“ тим. Заедно имаат освоено еден куп европски титули со Хипо, Шлагелсе и Звезда.