Две лица, а нова победа за „црвено-црните“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардарци денеска во „Јане Сандански“ ја запишаа втората победа во Лигата на Шампионите. По рамноправното издание во првиот дел, Мешков Брест го изгуби ритамот со што му дозволи на македонскиот шампион победа со резултат 31-27. Душебаев и Борозан беа предводници на вечерашниот успех со кој Вардар запиша нови два бода во најелитното натпреварување. Ако во првото полувреме Вардар се мачеше во второто понуди атракции за сечиј вкус, а при тоа во ниту еден момент не дозволи да биде доведен во прашање победникот на овој дуел.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест низ објективот на 24Ракомет.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”80″]