Два од два за Вардар во македонскиот плеј-оф: По Зомимак следува Пролет!

Вечерва во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, Зомимак во заостанатиот натпревар од второто коло во македонскиот плеј-оф ја пречека екипата на Вардар. Единствената надеж дека струмичани може да му се спротивстават на моќниот состав на Вардар беа двата натпревара од купот на Македонија кои Вардар ги одигра вчера во Скопје.
Зомимак 27-38 РК Вардар (14-20)
Пред повеќе од 400 симпатизери ракометарите на Зомимак, предводени од расположениот Реваз Чантурија, се поразени од Вардар со 27-38 .
FLP_5100-2
Посетителите во Струмица можеа да видат рамноправна игра, во првите шест минути. Ракометарите на Вардар ги искористија сите грешки на противникот. Уште во првата третина од полувремето, започнаа со два гола во низа за 3-5, а од 10-та минута со серија од пет погодоци во низа ја создадоа првата посериозна предност од шест погодоци. Брумен во четрнаесетата минута беше поуспешен од голманот Трајковски за 4-10. Највисоката предност во првиот дел ја донесе Карачиќ на минута до крај за 12-19. По првите триесет минути конечниот резултат беше 14-20.
Вториот дел започна со нова серија на „црвено-црните“ од два погодока. Разликата постојано се зголемуваше, а стрелците во редовите на Вардар постојано се менуваа. Првите десет голови разлика Вардар ги создаде по 46 минути игра, а највисоката предност ја имаше во 54-та минута. Со голот на Растворцев на пет минути пред крај на натпреварот, Вардар за прв пат поведе со тринаесет голови предност, 23-36. По последните триесет минути резултатот заврши 27-38.
FLP_5051-2
Најпрецизни во составот на Зомимак беа Чантурија со шест, а Павловски и Младеновски постигнаа по пет. Во редовите на Вардар најпрецизни беа Лазаров и Карачиќ со шест голови. Расположени беа и голманите на двете екипи, Штербик и Ангелов собраа 21 одбрана, додека голманите на Зомимак имаа 14 интервенции.
FLP_4894
Утре во рамките од третото вонредно коло Вардар ќе го одигра својот натпревар со Тинекс Пролет во спортскиот центар „Јане Сандански“.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ