Два интересни меча во Скопје на стартот од плеј-офот

Поради натпреварите во Лигата на шампионите и во Купот на ЕХФ на кои настапуваат тимовите на Вардар и Еурофарм Работник плеј-оф сезоната во Супер машката лига стартува само со две средби. И двете се играат денеска во Скопје.

Тимот на Металург ќе го пречека Пелистер и ова би требало да биде дуел на кој составот од Автокоманда ќе треба да покаже дека и сезонава има кадар кој ќе може да се бори за висок пласман. Битолчани, пак, денеска ќе сакаат да покажат дека имаат кадар за висок дострел, но ќе имаат тешка задача.

Што се однесува до двобојот меѓу Пролет и Бутел Скопје овие два тима сезонава веќе двапати ги одмерија силите.  На првиот натпревар одигран во салата „Македонско сонце“ победа обезбеди Бутел Скопје со 22:20. Затоа, пак, Пролет славеше како гост со 24:21 и на тој начин се ревашираше. Оттаму денешната пресметка се очекува да понуди интересен ракомет во кој ќе има голема неизвесност.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

САБОТА, 23 МАРТ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Благој Петров од Велес.

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовдки од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.