Два дена елитен ракомет: Ново издание на традиционалниот Карпати Трофеј

Романскиот град Клуж ќе биде домаќин на меѓународниот ракометен турнир, Карпати Трофеј. Турнирот ќе  се одржи од 20 до 21 март, 2015. На овој турнир ќе учествуваат Романија, Бразил, Германија и Шведска.

arena kluz
Арената во Клуж

 

Распоред на натпреварите

20.03.2015

Шведска – Германија – 17 ч

Бразил – Романија – 19 ч

21.03.2015

Натпревари за прво и трето место

На овој турнир репрезентацијата на Шведска нема да биде комплетна поради повредената Изабел Гулден како и Џесика Хелеберг која е бремена. Во репрезентацијата на Германија ќе биде и Нина Верц која одлучи да се врати во селекцијата. Бразил е сеуште без најдобрата ракометарка Едуарда Аморим која има повреда на коленото. Додека Романија ќе настапи во комплетен состав.