Два дена, два клучни натпревари, два различни клуба, стотици километри и еден Давид Дејвис (ФОТО)

Давид Дејвис е вистински супермен во екипата на Вардар. Шпанецот вчера беше на клупата на ЖРК Вардар во историскиот натпревар против Ларвик кој го добија со 34-20, а веќе денеска допатува во Вараждин каде со машкиот состав на Вардар ќе се обиде да стигне до третиот регионален трофеј за машкиот колектив.
dejvis prv den-7771
Тој го следеше натпреварот за третото место меѓу Загреб и Мешков заедно со стратегот на Вардар, Раул Гонзалес, а за помалку од два часа ќе застане на жешкиот терен во Веспрем арена каде Вардар го игра финалето од оваа сеозна во СЕХА лигата. dejvis prv den-7770