Двајца Македонци во Топ 3, ги предводат стрелците на Мундијалот

После првите три кола на врвот на Листата на стрелците на Светското првенство за кадети се наоѓаат двајца репрезентативци на Македонија кои се во Топ 3.

Десното крило, Никола Костески има 26 гола после три натпревари и просек од речиси девет гола по меч, а прецизноста му е 84 проценти. Тој е најефикасниот на Мундијалот во досегашниот дел, а зад него се наоѓа Нигериецот Фарук Јусуф со гол помалку.

Капитенот Мартин Серафимов кој имаше слаба партија во првото коло против Аргентина имаше две ефикасни игри потоа против Нигерија и Бахреин и тоа го искачи на 3. место 24 погодоци. Неговиот процент на реализација е 57.

Следниот меч, Македонија го игра утревечер, а противник е Данска која после трите кола е првопласирана со максимални шест бода во Групата Ц.