Двајца вардарци во репрезентативна акција: Милосављев и Војводиќ ќе играат за Србија

Двајцата ракометари на Вардар, голманот Дејан Милосављев и средниот бек Јања Војводиќ, се најдоа на поширокиот список на српскиот селектор Ненад Перуничиќ.

Тој одбра 28 ракометари, од кои ќе се бараат оние што ќе настапат на двете клучни средби против Хрватска во рамки на квалификациите за Европското првенство.

На списокот се најдоа и поранешните членови на Металург и Вардар – Вања Илиќ, Немања Обрадовиќ, Мијајло Марсениќ и Предраг Вејин.

Првиот дуел се игра во Белград на 11 април, додека реванш средбата ќе биде одиграна во Задар на 14 април.