Да се знае кој е првак: Атракции, цепелини, наполнет гол до врв… шампионски танц на Вардар

Актуелниот првак во Лигата на шампионите, Вардар го одигра првиот меч сезонава на домашен терен, а против Порто забележа победа од 32:27. Со ова освои планирани бодови во меч во кој имаше многу атракција, целепини, многу голови на празен гол на противникот и сосема заслужено беше направен пресврт после негативата на полувреме.

Вардар тргна тешко во натпреварот. Поведе со 1:0, но брзо противникот успеа да направи разлика од два гола. После 1:3 негативата и понатаму се зголемуваше. Брзо дојде до 3:6, а дури тука почна да се менуваат работите. Дури тука се појавија првите сигнали на враќање во мечот, а некаде на средината на првото полувреме резултатот беше и израмнет на 8:8.

Иако Вардар поведе со 10:8, сепак, следуваше криза после која противникот дојде дури до серија од 6:0. Ова беше лош резултат после кој мораше да се надоместува, па на одмор се замина со 14:16.

Неполни две минути во продолжението од натпреварот беа доволни за резултатот да биде изранет на 16:16, а нешто повеќе од две минути за водство од 17:16. Ова беа 130 секунди во кои Вардар одигра одлично во одбрана против седум ракометари на Порто, а потоа Шишкарев и Дибиров лесно погодуваа на презен гол од својот дел на теренот.

За момент Порто успеа да се врати, но брзо следуваше нов шок за нив бидејќи Кугис се разбрани, а потоа и нападот на Вардар дојде до повеќе идеја што донесе 22:19 во 38. минута. И публиката го даде својот максимум за да ги поведе европските шампиони кон победа на овој меч така што одработе одлично во овој период, а ракометарите на тоа имаа одличен одговор. Сите знаеја што прават во секој момент, па тоа донесе и 26:20 и веќе беше многу полесно да се игра.

Седум на шест во второто полувреме не само што не им даде резултат на Порто туку им ја донесе негативата бидејќи за 12 минути дури пет гола беа постигнати на празен гол. Серијата траеше до 27:20 во 45. минута по што дојде до мало стабилизирање. Порто намали на пет разлика, па Писонеро со тајм-аут се обиде да ги смири своите ракометари.

Во финишот беше одиграно многу искусно и беше зачувана предноста така што Вардар е единствениот тим во Групата Б со две победи и после 2. коло е лидер со максимални четири поени. Ова е одличен мотив пред гостувањето кај Мотор Запорожје в недела.

ВАРДАР – ПОРТО           32:27 (14:16)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 4.000. Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија. Делегат: Георге Бебецос од Грција.

ВАРДАР: Гедбан, Кугис, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 7/12, Карапалевски, Сикошек Пелко, Дисингер 0/1, Атман 3/3, Скубе 3/5, Калараш 1/2, Чупиќ 7/8, Дибиров 5/8, Горбок, Шишкарев 5/5, Горпишин 1/1.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

ПОРТО: Кинтана, Бауер, Итуриза 1/2, Бланко, Мартинс Соарез 4/10, Мбенгу 1/2, Хернандез, Силва Соуса Мартинс, Салина Амадор 3/5, Рибеиро, Фернандез 0/1, Боргес Хернандез 3/4, Бранкињо 6/7, Ареја Родригез 3/5, Гомез 3/5, Магаљаеш 3/5.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.