Да се биде или не: Младинците против Бразил за осминафинале

По двете победи над Русија и Буркина Фасо, како и двата  од Тунис и фаворитот Шпанија, младинската репрезентација е пред најголемиот испит на Мундијалот во Алжир. Последниот дуел од групната фаза против Бразил, ќе одлучи дали Македонија ќе игра во осминафиналето или ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место.

По победата на Шпанија над Тунис, Македонија доколку слави над јужноамериканскиот противник ќе биде на второто место во групата. Доколку избраниците на Илија Темелковски одиграат нерешено би биле третопласирани.

Со триумф Македонија ќе има 6 бодови, Тунис и Русија ќе имаат по 5 (нема сомнеж дека Русија ќе ја победи Буркина Фасо), а Бразил ќе има 4. Ако освоиме само 1 бод, сите четири селекции ќе имаат по 5 бодови и ќе се направи круг, па гол разликата ќе одлучува, но и тука Македонија ќе биде во предност и ќе обезбеди пласман во следната фаза.

Како и на дуелот со Шпанија, и вечерва во ростерот нема да биде казнетото десно крило Томи Јагуриновски, па Велковски и Шилегов ќе мораат да го изнесат комплетниот товар на десната страна во играта. Натпреварот кој ќе одлучи дали Талески, Кузмановски, Нелоски ќе бидат запаметени по некој одличен резултат во младинските категории се игра вечерва со почеток во 19 часот.