„Да изгубиш од Грција во ракомет е како да изгубиш од Нигерија во хокеј“

И по неколку часа од завршувањето на натпреварот меѓу Грција и Македонија, кој го доби нашиот јужен сосед со 28-26, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Навивачите се огорчени од играта на македонската репрезентација и со право ги критикуваат нивните миленици.

„Да изгубиш од Грција во ракомет е како да изгубиш од Нигерија во хокеј“, напиша еден од навивачите, алудирајќи на „атрактивноста“ на овој спорт кај нашиот јужен сосед.