Дајана Јовановска најдобра, но Данубиус поразен дома

Македонската репрезентативка Дајана Јовановска беше најдобар стрелец во тимот на Данубиус Галаци, кој загуби на домашен терен од составот на Залау со 24:18, во меч од 3 коло на романскиот шампионат.

Јовановска беше стрелец на 5 голови против Залау, но ниту тоа не беше доволно за Данубиус да стори нешто повеќе на овој меч. Втората македонска интернационалка во тимот од Галаци, Елена Ливриниќ, се уште не игра поради повреда.

Фото: Florin Ady