Даскаловски и Темишвар пак на ниво, совладана Сучеава

Тимот на Темишвар, каде настапува македонскиот чувар на мрежата Златко Даскаловски, ја продолжи одличната серија на почетокот на новата сезона во романскиот шампионат. По ремиот со Констанца, Темишвар дома ја победи Сучеава со убедливи 34:24.

Македонскиот голман беше меѓу стативите на Темишвар во поголем дел од наптреварот и го заврши со 13 успешни интервенции, од кои 1 седмерец. Во следното коло Темишвар ќе има тешко гостување кај ЧСМ Букурешт на Гоце Георгиевски.