Даскаловски и Митревски фантастични во „македонското“ дерби, Темишвар и украде бод на Констанца

Тимовите на Доброгеа Суд, или попозната како Констанца и Темишвар одиграа интересен дуел во 3 коло од романскиот шампионат кој заврши нерешено, 20:20. Никола Митревски и Велко Маркоски на едната, како и Златко Даскаловски на другата страна, му дадоа македонски шмек на овој дуел.

Двајцата голмани имаа фантастични партии. Даскаловски беше цел меч на голот на Темишвар и имаше вкупно 18 одбрани, меѓу кои и неверојатни 5 пенали, додека Митревски бранеше само во вториот дел и успеа да забележи 11 интервенции, меѓу кои имаше одбрана и на последниот шут на гостите за победа.

Ваквата форма на македонските голмани, може само да радува во пресрет на ЕП во Хрватска.