Даскаловски го запре Фочани

Македонскиот репрезентативец Златко Даскаловски беше еден од најзаслужните играчи во тимот на Темишвар за победата над Фагараш. Тимот на нашиот голман славеше потешко од очекувањата на домашен терен со 23:21 и се мачеше да го скрши отпорот на жилавиот гостин.

Даскаловски забележа 12 одбрани меѓу кои и 1 пенал. Темишвар се наоѓа на високата 4 позиција, со 5 победи, 2 реми и 2 порази со 2 бода заостанавуање зад изненадувањето Стеауа. Следниот меч Даскаловски и Темишвар ќе го играат на гости кај составот на Потаиса Турда.