Дарко Станиќ ја заврши репрезентативната кариера

Еден од најдобрите голмани во светот, српскиот интернационалец, Дарко Станиќ се одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Во 38-та година Станиќ ја напушта српската репрезентација откако неговата репрезентација е елиминирана во првиот круг од натпреварувањето.

Станиќ ден по ремито со Македонија, за српските медиуми истакна:

СТАНИЌ: Ова е официјалното збогување. Заминав по природен пат, дадов сè што имав. Не гледам дека мојот придонес нешто менува на теренот во овој момент. Треба да дојде некој друг со нова енегрија, некој со нова искра.

Македонија ја елимираше Србија од групата А, откако Манасков во последната секунда од натпреварот постигна погодок за изедначување на резултатот на 27-27.