Дарко Арсиќ во трка за најдобра одбрана во 3. коло од СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Металург, Дарко Арсиќ е во трка за најдобрата одбрана во 3. коло од СЕХА-лигата. Откако левиот бек на Вардар го доби голот на колото, сега може уште еден ракометар што настапува во македонски тим да се избори за признание.

Арсиќ е во добра форма од стартот на сезоната, но има сериозна конкуренција во Раде Мијатовиќ (Брест), Урош Лесјак (Горење), Аријан Јовиќ (ППД Загреб) и Душан Петровиќ (Динамо Панчево).