ЕХФ Куп: Дански предизвик за Дупјачанец, Митревски и Маркоски одат на Магдебург!

Тешка задача во 3 коло на Купот на ЕХФ ќе имаат екипите каде што настапуваат македонски интернационалци. Ова е последна рунда пред групната фаз,а па влогот е многу поголем отколку во претхдоните кола.

Азоти Пулави на Даниел Дупјачанец, кој е во сенка на Киелце и на Висла Плоцк, ќе има тежок противник во данскиот Холстебро. Констанца, пак, која се намачи против норвешкиот Бекелагетс, за противник го доби бундеслигашот Магдебург, па Никола Митревски и Велко Маркоски ќе патуваат во Германија.

Порто, кој го елиминира Охрид, во следната рунда ќе има силен противник во Фуксе Берлин, што практично значи и елиминација, додека Алпла Хард на Ристо Арнаудовски ќе се соочи со швајцарскиот Вакер Тун. Се очекува да биде интересно и на скандинавскиот двобој меѓу Малме и Бјерингбро.