Данскиот голман го напушти Кил: Ким Соне го засилува Минден!

Четвртиот голман на Кил,данскиот интернационалец Ким Соне (22) ги напушти редовите на германскиот шампион.Поради големата конкуренција во Кил, а пред се поради желбата стандардно да настапува во својот иден клуб, Соне потпиша двегодишен договор со екипата на Минден,и наредните две години ќе ги помине во тимот од Источна Вестфалија.

КИМ СОНЕ:

Сезоната во Германија беше интензивна. Тоа беше најдобрата година во мојата кариера и сакам да им се заблагодарам на фановите, персоналот во клубот, како и на играчите кои застанаа зад мене и ми ја дадоа неопходната подршка. Посебно сакам да му се заблагодарам на тренерот Гисласон кој ме откри и ми ја пружи оваа шанса. Заминувам во Минден, клуб кој исто како и Кил е со голема традиција, и во кој ќе можам редовно да настапувам.

Соне на почетокот на сезоната пристигна во Кил од екипата на Скиве од Данска, и настапуваше во вториот тим на “зебрите”. По повредите на Сјостранд и Паличка, доби шанса да настапува во првиот состав и настапи на вкупно 26 натпревари во Бундеслигата и Лигата на шампионите.