Данска ја совлада Франција, домаќинот Норвешка поразен од Исланд

Вчера стартуваше новото издание на „Златната лига“ на кое домаќин е Норвешка. Во првиот натпревар репрезентацијата на Данска по подолго време успеа да и нанесе пораз на Франција совладувајки ја со 23-22 откако на полувреме имаше три голови позитива (13-10).
Во вториот натпревар домаќинот Норвешка немаше сила и се спротистави на силната Исландска репрезентација. Популарните „рибари“ предводени од одличните Палмарсон кој постигна 8 погодици и Сигурдсон кој 6 пати ја затресе противничката мрежа стигнаа до победа од 27-28 (15-15).

По првиот натпреварувачки ден Исланд се наоѓа на врвот на табелата имајки ист број бодови со репрезентацијата на Данска. До крајот на турнирот секоја репрезентација има да одигра уште по два натпревари.

По завршувањето на првото коло, Арон Палмарсон од Исланд со 8 постигнати погодоци се наоѓа на првото место, а по него следат норвежанецот Еспен Ли Хансен со 7 и Валур Сигурдсон исто така од Исланд со 6 гола.

Денеска е слободен во рамките на „Златната лига“, а натпреварите продолжуваат на:

7 Ноември

Франција-Исланд (15:45 часот)
Норвешка-Данска (18:15 чсот)

8 Ноември

Норвешка-Франција (18:15 часот)
Исланд-Данска (20:30 часот)