Данска убедливо против Србија

Со натпреварот Данска – Србија се затвори 4-от натпреварувачки ден на СП во Данска. Составот на Саша Бошковиќ имаше сили само за 35 минути, а домаќинките во второто полувреме буквално беа незапирливи на терен. Одредените блесоци на српската голманка, Јована Рисовиќ , не беа доволни за поволен резултат. Данска триумфираше со убедливи 29:20 (13:12) и ја забележа третата победа во низа, победа која значеше и влез во следниот круг. Србија својата шанса ќе ја бара во дуелите со Јапонија и Тунис, репрезентации кои се покажаа како незгодни противници.

Данска – Србија 29:20 (13:12)

Данска: Сков 2, Окелс 1, Хансен 1, Граволт 3, Л.Јоргенсен 7, Норгард 6, Остергард 2, С. Јоргенсен 5, Педерсен 2.

Србија: Радосављевиќ 1, Крпеж 4, Штевин 1, Живковиќ 1, Јанњушевиќ 2, Рајовиќ 1, Георгиев 3, Стоилковиќ 2, Лишчевиќ 5.

Фото – Photo: Jan Christensen / GettyImages