Данска со победа над Полска ја стартуваше главната фаза на ЕП

Во првиот натпревар од новоформираната група 1 која се игра во Дебрецин репрезентацијата на Данска ја совлада Полска со резултат 19-28 и со 3 бодови во овој момент се наоѓа на третата позиција на табелата во групата 1.

ГРУПА 1 (УНГАРИЈА, ДЕБРЕЦИН)

ПОЛСКА-ДАНСКА 19-28 (9-9)

Натпреварот го отвори Мариа Фискер со гол од контра напад за водство на Данска од 0-1. На спротивната страна веднаш врати Каролина Кудлач преку успешно изведен седмерец за 1-1 во 2 минута. По израмнетиот почеток првата поголема предност на натпреварот ја имаше Данска кога со головите на Граволт, Норгард и Стине Јоргенсен поведе со 2-5 во 13 минута. Полска немаше намера рано да се предаде во овој натпревар, па преку головите на Александра Зуц, Каролина Кудлач, и првиот погодок на Јоана Драбик поведе за првпат на овој натпрер со 7-6 на пет минути до крајот на првиот дел. Во последните пет минути Данска одговори преку Стине и Лине Јоргенсен, а токму Лине Јоргенсен со својот прв гол ги постави конечните 9-9 по првото полувреме.
danska 1

Полска добро го отвори вториот дел и со двата гола на Сиодмиак на двапати имаше водство од +1, 10-9 и 11-10. Но исто како и во првото полувреме Данска успеа да одговори на предизвикот па преку расположената Фискер иницираше серија со која стигна до највисокото водство до тој момент на натпреварот од 12-17 во 43 минута. Во рутинирана игра Данска умешно ја одржуваше таа предност а на десетина минути до крајот преку Лине Јоргенсен стигна и до највисоките осум голови предност, 14-22. Високата предност беше одржана до самиот крај, а Кристина Кристијансен со својот четврти гол ги постави конечните 19-28 во корист на Данска.

Најпрецизни во данската селекција беа Мариа Фискер со 6, а Лине и Стине Јоргенсен постигнаа по 5 погодоци. Во репрезентацијата на Полска најмногу се истакна Сиодмиак која постигна 5 голови.