Данска подобра од Шпанија во дуелот на титаните

Во последниот дуел на денешната програма се сретнаа најдобрите репрезентации од групите Ц и Д. Данска беше поуспешна од Шпанија и со резултат 23-27 се искачија на врвот на табелата.

По првите пет минути Шпанија поведе со 4-1, предност која успеаа да ја задржат до крајот на првиoт дел за 14-11. Сепак Данците се разбудија во вториот дел и со одлична серија во средината на второто полувреме го одлучија победникот. До 45 минута, Данците го израмнија резултатот, и покрај тоа што Штербик беше фантастичен на голот, но ниту 21 интервенција на искусниот вардаров голман не беше гаранција за успех. На крај Шпанците мораа да му честитаат на подобриот противник. Натпреварот заврши со резултат со 23-27.

Дамгард со шест беше најефикасен, додека Нодесбо постигна пет за Данска, кај Шпанија, Ривера и Ентрериос постигнаа по четири.