Данска на чекор до полуфиналето по сигурната победа против домаќинот Унгарија

Во последниот денешен натпревар, данската репрезентација успеа да забележи сигурна победа над домаќинот Унгарија со што се зацврсти на втората позиција и е на чекор да стане вториот патник во полуфиналето од групата 1.

Група 1 (Унгарија, Дебрецен)

Унгарија – Данска 20-23 (9-11)

Одличен старт на данската репрезентација  благодарние на погодоците на Јоргенсен и Норгард со што скандинавките уште на стартот успеаа да направат разлика од три погодоци во нивна полза. Од друга страна пак домаќините дури во 6-та минута стигнаа до погодок од линијата на 7 метри кога Тришчук успешно го најде патот до мрежата на Тофт.

Данска ја одржуваше предноста, а Томори со четирите погодоци за само 10 мин, надополнета со одличните одбрани на Кисс го одрржуваа резултатскиот приклучок на унгарската репрезентација. Во 18-та минута Андраш Немет при разлика од 3 погодоци го повика своите ракометарки на минута пауза и дури при крајот на полувремето неговите ракометарки успеаа да намалат на само 2 погодоци разлика. Мал удел во предноста на данската репрезентација имаше централниот бек Кристиансен која успеа да одбрани удар од крилната позиција за конечни 11-9 во полза на скандинавската репрезентација на крајот на првиот дел.

17002_548f49473d

Мајер го отвори вториот дел, а Ковачиќ стрелаше во празната данска мрежа за брзо изедначување на резултатот на 11-11. Данска веднаш возврати со два брзи погодоци и во следните минути повторно ја врати резултатската предност во свои раце. Разликата само се зголемуваше иако унгарките со цела сила се обидоа да возвратат. Сепак нивните напори не беа доволни за нова домашна победа, данските ракометарки на крај на натпреварот се радуваа на победата од 23-20.

Како најдобар играч на натпреварот во победничкиот тим беше прогласена Лине Јоргенсен додека во поразената репрезентација признанието отиде кај голманот Ева Кисс.