Данска во пет минути ја збриша „Зборнаја“

Во вториот натпревар од групата Д, во изедначен натпревар Данска успеа да забележи минимална победа над селекцијата на Русија со резултат 31-25 (13-13)

Руската репрезентација го запиша првиот погодок на првенството благодарение на Черноиванов но Данска брзо возврати преку Лауге. Изедначен беше резултатот во текот на целото полувреме за Русите на пет минути пред крајот на првиот дел со погодоците на Шелменко и Сорока да направат минимална разлика од два погодоци (11-9). Сепак Данска возврати на соодветен начин и успеа да израмни на крајот на полувремето со погодокот на Хансен (13-13).

Дамгаард со силен погодок од бековската линија го отвори вториот дел и по 3 минути игра Данска направи мини серија со која го сврте резултот на своја страна (17-14). Горбок и Житников беа одлични во таборот кај Русите за повторно доведување на резултатот во егал (19-19). Сепак во последните минути, Данска ја оправда фаворитската улога и со неколку одлични контра напади направи 5 погодоци разлика (28-23). До крајот на натпреварот Данска дополнително ја зголеми разликата за конечни (31-25).

Следниот натпревар Данска го игра против Црна Гора, додека Русија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Унгарија.

ФОТО:ZPRP/EHF